Влада

580 милиони евра за нови автопатишта и многу работа за макдонските компании

Изградбата на новите автопатишта Скопје - Свети Николе - Штип и Кичево - Охрид ќе чинат 580 милиони евра, а парите за тоа се обезбедени преку поволен кредит преку кинеската Ексим банка.

Рокот на отплата е 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 %. Ова денеска го соопштија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по одлуките од седницата на Владата за усвоените закони за реализација на проектите за автопатите.

Во изградбата на овие автопатишта ќе учествуваат и домашни градежни компании. Планирано е овој проект да биде готов за 4 години. Главниот изведувач на градежните работи ќе биде должен да ангажира подизведувачи од Македонија за најмалку 49 отсто од предвидените работи, а, исто така, и да набави најмалку 49 отсто од градежните материјали од македонски произведувачи. Изведувачот и подизведувачот во текот на изградбата треба да ангажираат, исто така, најмалку 51 отсто македонски државјани.

Постапката за изградба на овие патишта почна лани во март на средбата на македонскиот и кинескиот премиер. Тогаш македонската Влада беше информирана дека кинеската држава има ставено на располагање 10 милијарди долари за изградба на инфраструктурни проекти во Источна и Централна Европа.

„Македонија е првата држава која ќе успее да искористи дел од оваа кредитна линија и целата постапка што е водена од тогаш досега, односно траеше долго една година, е водена целосно во согласност со меѓународните договори што ги имаме потпишано со Народна Република Кина. Овие договори дополнително беа засилени од наша страна со цел да се обезбеди поголема транспарентност и поголема конкурентност во процесот со цел да дојдеме до поевтина и што поатркативна понуда за изградба на овие патиштата", рече Пешевски.

Автопатот на релацијата Скопје - Свети Николе - Штип ќе чини 206 милиони евра, а автопатот Кичево - Охрид - 374 милиони евра. Во договорот има и одредба со која се предвидени десет отсто за дополнителни непредвидени работи.

„Проектот ќе биде финансиран десет проценти со пари од македонската Влада, 90 отсто преку поволниот кредит од кинеската Ексим банка", рече Пешевски,.

Според него, изградбата на овие патишта ќе значи поддршка на локалниот економски развој, полесно патување за граѓаните до центарот на градот и до главните туристички центри, во прв ред, до Охрид и сé што значи поврзана индустрија со оваа автопатна инфраструктура.

Автопатот Скопје - Штип ќе биде долг 53 километри со широчина од 29 метри, односно ќе има по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување. Автопатот Кичево – Охрид ќе биде долг 56,7 километри и вкупна широчина на коловозните ленти од 27,5 метри и треба да биде изграден за 45 месеци.

Министрите информираа дека Владата паралелено работи на изградба на автопатската делница од Коридорот 10, Демир Капија - Смоквица со финансии во износ од 220 милиони евра, а во тек е постапката за ангажирање градежна компанија за рехабилитација на патниот правец Велес - Катланово.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе