МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

5,7 милиони евра субвенции за земјоделците

Mинистерството за земјоделство соопшти дека преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот денеска исплатија 354,7 милиони денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за одржување

Mинистерството за земјоделство соопшти дека преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот денеска исплатија 354,7 милиони денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за одржување на земјоделски површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, произведен сертифициран семенски и саден материјал, заклани гоеници, бројлери и амортизирани несилки во кланица, продадени градинарски култури во преработувачки капацитети како и за рурална инфраструктура.

Вкупно за два месеци се исплатени околу 55,7 милиони евра субвенции за земјоделците.

„Имајќи ја предвид заложбата на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството и обезбедување на континуирана поддршка на доходот на земјоделските стопанства, исплатата на субвенциите ќе продолжи следниот период за сите земјоделци кои поднеле барање и ги исполниле пропишаните услови.

Исто така по одржаната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со претставниците на винарските визби, ќе се направат напори во најкус рок да се намират финансиските обврски кон визбите со цел непречено одвивање на откупот од овогодинешниот род на грозје“, соопшти Министерството за земјоделство.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе