5.000 бесплатни тестови за ковид-19 во лабораториите на „Авицена“

„Авицена лабораторија" донира 5.000 бесплатни RT Real Time-PCR лабораториски анализи за коронавирус (ковид-19), проект што се реализира во соработка со Министерството за здравство и Здравствениот дом Скопје.

Како дел од активностите што започнуваат оваа седмица е ставањето во функција на пунктот за земање примероци во склоп на Здравствен дом Скопје - поликлиника Идадија (Млин Балкан).

Тестирањата се бесплатни за граѓаните што претходно се пријавуваат исклучиво преку матичниот лекар и системот „Мој термин“.

Сите примероци од овој пункт ќе бидат анализирани во „Авицена лабораторија“ и целосно на трошок на „Авицена лабораторија“, во услови што во целост ги исполнуваат сите светски норми и стандарди за овој тип тестирање. Во „Авицена лабораторија“ ќе се работи високопрецизен молекуларен RT Real Time PCR тест. Овој тест е CE-IVD сертифициран, валидиран за целосно автоматизирана употреба и со него се прави истовремен скрининг и конфирмација на трите таргет гени од вирусот, со вклучена внатрешна контрола, што е во согласност со нормативите дадени од СЗО, US-CDC и Ch-CDC.

„Ние како здравствена установа имаме одговорност спрема сите граѓани и општеството да се вклучиме во борбата против пандемијата. Тоа нè обврзува активно да помогнеме, ставајќи ги на располагање нашите ресурси, искуство и знаење. Наша цел е да се заштитиме меѓусебно и да го заштитиме здравјето на сите граѓани. Овој тип помош и поддршка е наменета со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација, да му помогнеме на нашиот здравствен систем, на сите пациенти и целокупната заедница во која припаѓаме. Само на овој начин, преку одговорно однесување кон заедницата, може да си помогнеме меѓусебно и да го заштитиме здравјето на сите граѓани“, изјавија од „Авицена лабораторија” .

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе