40 години успешно работење на рудникот „Бучим“

На традиционалната прослава по повод денот на рударите – 28 август, во рудникот за бакарна руда „Бучим" се одбележаа три јубилеи – 40 години од почетоците на редовната работа на „Бучим", 15 години од рестартирањето на рудникот од страна на инвеститорот „Солвеј", и 90 години од прославувањето на 28 Август како ден на рударите во Македонија.

На настанот свое обраќање имаа претседателот на Владата Зоран Заев, генералниот директор на рудникот „Бучим“ Василиј Борутскиј, заменик генералниот директор на рудникот „Бучим“ Николајчо Николов, и сопствениците на инвеститорот „Солвеј“  - Александар Бронштејн и Дан Бронштејн. Говорниците се осврнаа на улогата на рударството како една од стратешките гранки на македонската економија, на почетоците на работењето на рудникот „Бучим“, предизвиците поврзани со процесот на рестартирањето на рудникот од почетокот на 2005 година, развојните концепции, реализираните активности на социјална и општествена одговорност и соработката со локалното население, како и спроведувањето на највисоките меѓународни стандарди за заштита на животната средина и за безбедност и здравје на работа.

Менаџментот на рудникот ги презентираше активностите за отворање на лежиштето „Боров Дол“, за кој е реализирана инвестиција во вредност од 60 милиони евра, при што кон крајот на јули 2020 година е предвидено да почне испораката на руда од „Боров Дол“ до отворениот склад на „Бучим“ и понатамошна преработка преку флотација до бакарен концентрат, со што е обезбедена работата на комбинатот најмалку во следните десет години.

На настанот, претставници на Црвениот Крст му доделија признание на рудникот „Бучим“ за реализираниот придонес и обезбедената поддршка за работењето на општинската организација на Црвениот Крст во Радовиш.

Како општествено одговорна компанија, рудникот „Бучим“ им додели ваучери со финансиска поддршка на трите општини на чие подрачје ги врши своите деловни активности – Радовиш, Конче и Штип.

Како признание за успешното работење на рудникот „Бучим“ и остварениот придонес во македонската економија, но и како признание за активното учество на заменик-генералниот директор на рудникот Николајчо Николов во органите и телата на Стопанската комора на Македонија, и неговиот ангажман како претседател на Македонската асоцијација на рударството, и како член на Управниот одбор и на Собранието на Комората во изминатите три мандатни периоди, в.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија Билјана Пеева-Ѓуриќ му додели признание на Николов.

 

Рудникот за бакарна руда „Бучим” со редовна работа започна во 1979 година по период на повеќегодишни истражувања на бакарните минерализации во рудниот реон Бучим – Дамјан - Боров дол, но успесите се поврзани, пред сѐ, со периодот од 2005 година кога успеа да се рестартира и да се обнови, успешно работејќи веќе 15 години.

„Бучим“ во досегашното работење перманентно остварува позитивни резултати. Во изминатите 15 години, рудникот од продажба на своите производи има остварено приходи во износ од 627,7 милиони евра, и трошоци во износ од 481 милиони евра, при што остварена е добивка пред оданочување во износ од 146,9 милиони евра, при што во дадениот период платен е данок на добивка во износ од 14,5 милиони евра. Рудникот во изминатите 15 години има платено 14 милиони евра надоместоци за концесија за користење на минералните суровини, од кои 78% (11 милиони евра) се уплатени во буџетот на општина Радовиш, а 22% (3 милиони евра) во државниот буџет. За истиот период, рудникот за своите 650 вработени има исплатено нето-плати во износ од 41,1 милиони евра, а по основ на придонеси и данок на личен доход платени се средства во износ од 21,6 милиони евра.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе