Предизвик за млади истражувачи

Истражувачките проекти на 34 училишта се наградени од ФИТР

Проектите на 34 основни и средни училишта во земјава се прогласени за најдобри и добија награди од Фондот за иновации и технолошки развој. Тие учествуваа на вториот повик „Предизвик за млади истражувачи" кој беше отворен од 1 февруари до 31 март.

Директорот на ФИТР Јован Деспотовски на завршниот настан во Градскиот парк изјави дека на вториот повик добиле околу сто ученички проекти од областа на астрономијата, земјоделството, ИТ-индустријата… идеи за практични решенија за проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Поради одѕивот и големиот обем на квалитетни и доброподготвени проекти, одлучиле наградниот фонд да го зголемат од планираните 2,5 милиони на шест милиони денари. Просечниот износ на поддршката за проект е околу 200.000 денари, а максималниот е 300.000 денари.

„Триесет и четири училишта денеска ги прогласуваме за успешни и ќе добијат средства. Новитет годинава е што ќе се обидеме успешните проекти да ги споиме со дел од редовните корисници на програмите на Фондот, така што младите луѓе, особено средношколците, веќе имаат можност со практична работа да соработуваат со компании за проекти од одредена област. Нашата цел е ова да прерасне во една поширока програма со која државата ќе вложува и ќе финансира развој и поддршка на таленти. Веруваме дека во секое дете постои талент и затоа не се фокуираме на една област, туку финансираме повеќе области“, изјави Деспотовски.

На прашањето како ФИТР ќе најде средства за да го наполни својот буџет бидејќи на програмите што ги објавува добива голем број апликации за финансиска поддршка, одговори дека упорно бараат начин и верува дека ќе успеат како и минатата година.

„Вицепремиерот Анѓушев се заложи тој лично да помогне. Знаеме дека финансиската кондиција на буџетот е добра, како што пред некој ден кажа министерот за финансии, што нè прави уште поупорни. Затоа што вложувањето во фирмите, особено во домашните компании, вродува со плод. Имаме 4,1 процент раст на БДП во првиот квартал, што е резултат и на вложувањата што ги реализиравме во Планот за економски раст. Минатата година потпишавме околу 20 милиони евра инвестиции во приватен сектор домашни компании. Оваа година се надевам и ќе настојувам таа бројка да биде многу поголема“, рече Деспотовски.

Тоа, рече, може да се оствари и со пренамена на средства од некои програми што помалку се реализираат за што не е потребен ребаланс на буџетот. 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе