31 Октомври - светски ден на штедењето

По повод светскиот ден на штедењето Македонската банкарска асоцијација и Фондот за осигирување депозити организираа настан со едукативен дел на кој Прокредит банката подели совети и трикови на учениците и студентите за важноста на штедењето.

Да се има за иднината значи да се штеди во сегашноста.

Прокредит банката сподели корисни совети и модерни начини за штедење со учениците и студентите.

Што е штедењето?

Поимот штедење значи собирање и чување на средства и пари за нивно користење во некој иден временски период.

Одберете го начинот на штедење кој најмногу одговара на вашите потреби

  • Штедењето во банка е безбедно и вашите средства умерено ќе се зголемуваат во однос на висината на каматата. Можете да штедите во денари или во девизи.
  • Штедењето по видување е уникатна можност за флексибилно да повлекувате и дополнувате средства на Вашата штедна сметка, со најповолна каматна стапка. Каматната стапка се исплаќа месечно.
  • Преку Е-банкарство и М-банкарство на ПроКредит Банка имате пристап до Вашите заштеди во секое време 24/7.
  • Најважниот совет е да бидете трпеливи и упорни
  • Еден од основните предуслови за успешно штедење е трпеливост и упорност, особено доколку имате цел која саката да ја постигнете.

Прокредит банка споделува мали трикови за едноставен и лесен почеток на штедење. Започнете да штедите мал инос, но доволен за почеток.

Сѐ што ви е потребно е желба за штедење, трпеливост и упорност, информира банката.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе