305.000 граѓани со Домашна платежа картичка до 1 август потрошиле 23 милиони евра

Домашна платежна картичка користат 305 илјади граѓани. Заклучно 1 август доделени се картички во вредност од 26,7 милиони евра, од кои корисниците до тој датум потрошиле околу 23 милиони евра. Ова се средства кои се вбризгани во домашната економија преку купување македонски производи и услуги, објави денеска на својот Фејсбук профил министерката за финансиии Нина Ангеловска.

Со картичките се реализирани над 1,7 милиони транскации. Најголем дел од нив се во маркети (89 проценти), ресторани и храна (пет проценти) и текстил, облека и обувки (три проценти).

Ангеловска вели дека домашнaта платежна картичка има повеќекратни придобивки за граѓаните и економијата- ја поддржува приватната потрошувачка, ги поддржува домашните производители и услужни дејности, а придонесува за раздвижување на економската активност и за безготовинско плаќање.

Ангеловска исто така потсетува дека граѓаните-корисници кои не ја подигнале својата #ДомашнаПлатежнаКартичка можат сѐ уште да го направат тоа до 15 август – кога е и крајниот рок за нивно користење.

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе