2.332 земјоделци добија вкупно 51 милион денари субвенции

На сметките на 2.332 индивидуални земјоделци „легнаа” околу 51 милион денари од мерката „Дополнителна помош од 20 проценти на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување”.

„Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Овие корисници ќе добијат 20 проценти повисоки субвенции на вкупната исплатена сума по основни субвенции”, информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.

Исто така, на сметките на 6.930 фармери кои го зголемиле стадото во споредба со претходната година исплатени им се 26,1 милион денари. Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил бројот на грла од основното стадо на говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелни семејства.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе