ЈУБИЛЕЈ

20 години Веро во Македонија - тука сме за да останеме!

Веро маркети веќе нема во Грција, каде што пазарот е во голема криза, и ние сме концентрирани на пазарот во Македонија и Србија. Во Веропулос во Грција работат само 5 лица, а сите други 1.400 вработени во компанијата се во 18-те маркети во Македонија (12) и Србија (6), изјави денеска Николаос Веропулос, претседател на компанијата, кој деновиве во Скопје ја прославува 20-годишнината од отворањето на првиот маркет во земјава.

Брендот Веро, кој почна со работа во Македонија пред 20 години со отворање на првиот модерен супермаркет во скопската населба Аеродром, денес по две децении е еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало во земјава. Мрежата на Веро денес опфаќа 12 маркети во три града во Македонија, како и една самостојна продавница Џамбо, која функционира во рамките на Веро центар во Скопје. Исто така има и по еден од маркетите во Битола и во Тетово кои исто така функционираат заедно со продавницата Џамбо.

Според Николаос Веропулос комбинацијата на двата бренда, Веро и Џамбо, внесе нов концепт во пазарувањето во земјава.

„Но, плановите за експанзија на Веро не застануваат тука. Компанијата до крајот на годинава планира да отвори уште еден Веро маркет во Скопје и нова продавница Џамбо во Битола. Во првата половина на 2018 година планирано е отворање на уште еден маркет во Скопје, како и реновирање на маркетот во Тафталиџе како еден од најдобрите маркети каде ќе има и Џамбо“, рече Веропулос и дополни дека нивната добивка во 2016 година е зголемена за 13,87 отсто споредено со 2015-та, додека продажбата годинава бележи тренд на раст од 8 отсто во однос на лани.

Со специјални најконкурентни ценовни понуди на производи, големо шоу за готвење во живо со познати лица во кое тие ќе ги покажат своите кулинарски вештини и бројни изненадувања како награда за лојалните потрошувачи, компанијата Веро месецов ќе го одбележи 20-годишниот јубилеј од работењето во земјава. Бројните промотивни и забавни активности ќе се одвиваат во периодот од 8 септември до 8 октомври. Менаџментот на Веро прославата на јубилејот ја посветува на своите лојални потрошувачи кои во голема мера се заслужни за успешното работење на компанијата во изминатите 20 години.   

Николаос Веропулос

„Веро е тука за да остане. Во изминатите 20 години се фокусиравме на главните приоритети за професионална услуга, голем избор на најквалитетни свежи производи и ексклузивни понуди креирани според потребите на потрошувачите. Следејќи ги нивните потреби и сугестии, настојуваме да креираме ценовна политика со секојдневна конкурентна понуда со која пазарувањето на потрошувачите им станува вистинско уживање. Тоа е нашата награда и грижа кон нив. Со оваа практика ќе продолжиме и во следниот период бидејќи конзистентноста во овој поглед е единствениот рецепт за успех“, рече Веропулос.

Веро соработува со повеќе од 800 домашни производители, чии брендови и производи сочинуваат околу 90 отсто од асортиманот во маркетите на оваа компанија. Преку градењето партнерски однос со локалните производители, но и со вработувањето на повеќе од 1.000 лица од локалното население, компанијата го поттикнува домашното производство и му го обезбедува неопходниот стимул за развој. Големата понуда на производи со врвен квалитет, меѓу кои има и специфични, ексклузивни производи од увоз, како и со постојаната грижа за потрошувачите, Веро успева да ги задоволи потребите на повеќе од 25.000 купувачи дневно.   

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе