Државна видеолотарија на Македонија

1,7 милиони денари џек-пот за Ристо Костадинов

Ристо Костадинов од село Марвинци, стана сопственик на најголемиот Милионер џек пот во месец декември 2019. Најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка на Државна видеолотарија му донесе фантастични 1.764.482 денари. Добивката е освоена на 6 декември во Валандово во Спортлајф трејд.

Ристо Костадинов

Ристо Костадинов ни откри дека е пресреќен за освоениот износ, но сѐ уште нема план за трошење. Верува дека со оваа добивка, следната 2020 ќе биде среќна за него.

Славчо Трајчевски

Уште еден среќен добитник, пристигна во Државна видеолотарија. Славчо Трајчевски од Демир Хисар, освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.469.125 денари. Фантастичната добивка ја освоил на видеолотариските терминали на 3 декември во Клуб спорт  77 евротип во Демир Хисар. Славчо ни раскажа дека ова не е прва негова добивка, но секако е највредната освоена досега.

Најголемиот износ на  МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката за 2019 сеуште е кај нашиот 177 добитник, Трајче Иванов од Штип. Добивката вредна 1.791.299,00 денари, ја освои на 14 јануари.

Џек пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 297 Милионер џек пот добивки во вкупен износ од 442.922.909 денари. Покрај нив, освоени се и 55.882 Мини џек пот добивки во вкупен износ од 296.004.114 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1,2 до 1,8 милиони денари.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе