Одлуката за забрана за употреба на пластични кеси беше донесена минатиот месец. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини тогаш изјави дека целта е да се намали употребата на пластиката.
„Од фондот на при што ќе се создаде од овие 15 денари за секое купување на пластична кеса ќе се инвестира во животната средина, но и ќе се инвестира во совеста на граѓаните како да менаџираме со отпадот во нашата држава. Идејата е тој што загадува, тој и да плати“, рече Нуредини.
Од 1 декември ќе биде забранета пластика за еднократна употреба во угостителските објекти во заштитените зони како што се Пелистер, Маврово, Шар Планина, Галичица и други.