120 хектари нови лозови насади на „Тиквеш“ во околината на Велес

Винарската визба „Тиквеш“ денеска ќе ја промовира инвестицијата во нови лозови насади на 120 хектари во месноста Бабуна, во околината на Велес.

Инвестицијата е дел од четиригодишната инвестициска програма на „Тиквеш“ во сегментот на примарно производство, чија цел е до крајот на 2022 година да бидат насадени над 400 хектари со нови висококвалитетни сорти грозје и да бидат обновени над 50 проценти од постојните 1.000 хектари лозови насади на винарницата.

На настанот е предвидено да присуствуваат и да се обратат претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, како и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе