10 милиони евра за докапитализација на Охридска банка

Собранието на акционери на Охридска банка донесе одлука за докапитализација на банката за 10 милиони евра. Зголемувањето на средствата на банката се за одржување на соодветно ниво на стапка на капитал согласно пропишаните стандарди со локалната регулатива, а од друга страна пак докапитализацијата ќе значи поддршка на развојот на банката и одговарање на пазарните предизвици особено во оваа 2020 како предизвикувачка година, пред сè, од аспект на македонската економија како во сегментот население, така и во корпоративниот сегмент.

Во насока на поддршка на финансиските капацитети на буџетот на државата, од аспект на аконтативните уплати на данок од добивка, Охридска банка е во претплата во износ од околу 24 милиони денари и по тој основ нема да бара поврат на средства, односно истите ќе ги користи за однапред подмирување на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година, со што го дава дава својот придонес по во овој основ во овој тежок период.

„Во тимот е силата и затоа треба заеднички да се носиме со предизвиците што ни ги наметнува оваа година. Сега е важно секој експерт од својата област да даде максимум во својот дел, а ние како банка и понатаму ќе останаме стожер на семејните финансии и визионерите претприемачи така што нудиме низа мерки за државата, граѓаните и реалниот сектор да ја преброди пандемијата предизвикана од Ковид 19 колку што е можно побезболно. Сега е времето кога сите треба да покажеме високо ниво на одговорно однесување, да постапуваме рационално и економски оправдано, да носиме издржани одлуки и согласно можностите да ја поддржуваме реалната економија. Охридска банка во овој период вложува максимални напори и подава рака во сите сфери во кои е тоа потребно, истовремено грижејќи се за ликвидноста која е клучна не само за самата банка, туку и за нашите клиенти кои ни ја довериле довербата, а и за цеокупната економија“, изјави Нина Неданоска, претседателка на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

Неодамна Охридска банка објави и нова понуда на кредитни производи со значајни олеснителни услови кои ќе важат се до 30 септември за сите клиенти кои имаат потреба од кеш кредити и станбени кредити. Во изминатиот период банката донесе бројни одлуки за да помогне во спречување на натамошни инфицирања од коронавирусот. Како дел од овие одлуки се укинатите провизии за денарски трансакции реализирани преку мобилното и електронското банкарство за да се стимулираат граѓаните да се воздржат од непотребни посети на експозитури и редовните банкарски услуги да ги извршат преку апликацијата Моја банка, потоа предвремена исплата на пензиите на пензионерите, обнова на платежните картички и достава на домашна адреса, бесплатни дебитни картички за пензионери, зголемена дезинфекција на мрежата на експозитури и банкомати на банката...

Охридска банка, заедно со Шпаркасе банка Македонија и матичната групација Штаермеркише Шпаркасе во овој период реализираат заедничка донација од 110.000 евра, средства кои се насочени за набавка и репарирање на медицинска апарати, набавка на медицинска опрема, маски и скафандери за медицинскиот персонал во Клиничкиот центар во Скопје, набавка на гориво за возилата на Итна медицинска помош, набавка на медицинска опрема за болниците во Охрид и Куманово, како и набавка на храна и средства за хигиена за 1.500 финансиски загрозени домаќинства, кои се дистрибуираат во соработка со Црвениот крст, соопшти Охридска банка.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе