10 години „Аџибадем Систина“

Повеќе од 100.000 хируршки интервенции, 700.000 реализирани прегледи и над 16.500 новородени бебиња ја одбележаа деценијата зад нас, во која над 550.000 пациенти ни го доверија своето здравје, соопштува клиничката болница „Аџибадем Систина“ која одбележува 10-годишен јубилеј.

„Нашата успешна приказна започна токму на Светскиот ден на здравјето, 7 Април, кога „Аџибадем Систина“ стана првата приватна клиничка болница во државата и оттогаш постојано поставува нови стандарди во здравството преку врвна грижа за пациентите, најсовремени протоколи во лекувањето и примена на најсофистицирана медицинска технологија.  

Сите предизвици и сите остварувања кои „Аџибадем Систина“ ги постигна во медицинскиот свет во изминатите 10 години се доказ за нашата непоколеблива посветеност на пациентите и уникатниот талент и напор на секој член од нашиот тим. Придржувајќи се до највисоките стандарди на професионализам, етика и лична одговорност, докажавме дека сме достојни за довербата што нашите пациенти ја имаат во нас. Во годините пред нас цврсто сме убедени дека двоцифрениот број што го одбележуваме денеска ќе носи и двојни достигнувања.

Кога пред 10 години се приклучи кон најголемата групација на болници во Југоисточна Европа „Аџибадем“, „Систина“ беше првата болница на овој здравствен гигант надвор од границите на Турција. Само една година подоцна Клиничката болница „Аџибадем Систина“ забележа уште еден успех, станувајќи дел од вториот најголем синџир болници, малезиската групација IHH. Влегувањето во оваа групација претставува подигнување на стандардите во лекувањето и имплементација на сите најсовремени технологии и методи во медицинскиот третман.

Освен што е најголема и најмодерна приватна болница во земјава и регионот, „Аџибадем Систина“ е и првата болница во Македонија акредитирана уште во 2016 година од престижната Joint Commission Internatinal и реакредитирана во 2019 година потврдувајќи ја квалитетната и континуирана безбедна и врвна медицинска грижа за пациентите.

Редица акредитации и признанија се нижеа во изминатите 10 години. Дијагностичките лаборатории при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се први и единствени во земјава со истовремено акредитирани хистопатолошки, микробиолошки и биохемиски методи, преку ISO-акредитација. Болницата го поседува и сертификатот од УНИЦЕФ - Baby Friendly Hospital, а се вбројува и во листата на екоболници кои го рециклираат својот отпад, придонесувајќи за почиста животната средина.

Близу 1.000 вработени од кои 180 врвни и еминентни доктори секојдневно се грижат за здравјето на нашите пациенти. Во болницата во годините зад нас се бројат низа иновации кои претставуваа револуционерни достигнувања не само во нашето функционирање како болница туку и во функционирањето на целиот здравствен систем. За првпат се изведе промена на пол, беше вградено првото вештачко срце во државата, зачнато првото ин витро бебе.

Напредните технолошки можности на болницата овозможуваат најпрецизна дијагноза и третман на сите заболувања. Повеќе од 40 милиони евра беа инвестирани со цел сите оддели да се опремени со високософистицирана медицинска опрема од последните достигнувања во медицината.Болницата располага со Trilogy линеарен акцелератор, магнентна резонанца MRI 3 Tesla, компјутерската томографија CT 128 SLICE, Spect гама-камера, PET/CT, како и други најсовремен технологии од светски признаени производители кои овозможуваат висока прецизност и безбедност при изведувањето на хируршките зафати.

Регионално се инвестирани 120 милиони евра во 5 болници.

Во оваа јубилејна година, горди сме што нашата болница повторно ги проширува своите капацитети и годинава ќе добие и нов педијатриски центар, кој ќе вклучува и детска кардиохирургија. Со воведувањето нови технологии и процедури и со имплементирање на револуционерни третмани и во годините што следуваат ќе докажеме дека наш приоритет останува врвната грижа за пациентите.

Денес, одбележувајќи една деценија постоење, го обновуваме ветувањето што го исполнувавме сите изминати години и преку кое успеавме „Аџибадем Систина“ да ја направиме место какво што е денес. Место во кое нашите пациенти пронаоѓаат целосна грижа. Место во кое се чувствуваат безбедно, во кое емпатијата и чувствителноста со кои се третираат инспирираат надеж кај нив. И најважно од сè, место во кое е докажано дека единствено за животот се работи“, соопшти „Аџибадем Систина“.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе