1 милион денари донација на Македонска берза и Централниот депозитар за Министерството за здравство

Македонска берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесоа одлука  за донација на наменската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1.000.000 денари за соочување со настанатите состојби поврзани со вирусoт ковид-19.

Со оглед на тоа што актуелната борба за надминување на оваа криза подразбира колективна солидарност и одговорност, на овој начин двете институции, како општествено одговорни компании, даваат поддршка на македонските здравствени институции на коишто паѓа главниот товар во справувањето со кризата, соопштуваат од Македонска берза.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе