Кампања „Да го зачуваме синото срце на Европа“

Еколозите од Европа против Луково Поле, за заштита на рисот во Маврово

Светската банка и Европската банка за обнова и развој се соочуваат со сериозен отпор на еколозите од Европа за нивниот план за финансирање на изградбата на две големи хидроцентрали во Националниот парк Маврово во Македонија.

Повеќе од 100 научници се против финансирањето на хидроенергетски проекти на Светската банка и Европската банка за обнова и развој во националниот марк маврово во Македонија. Тие сметаат дека еден од најстарите национални паркови во Европа е во опасност откако е планирана изградба на две големи хидроцентрали со помош на меѓународни финансии.

И Светската банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) планираат да ги финансираат овие проекти. Но, сега отпорот се зголемува. 119 научници од областа на животната средина од целиот свет, вклучувајќи ги и познатите имиња како што се Ернс Улрих фон Вајцекер, Михаел Суков, Георг Грабхер (научник на годината во Австрија) и голем број експерти од Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN ) се против овие планови. Поддршката на научниците е во рамки на кампањата „Да го зачуваме синото срце на Европа”, започната од страна на организациите за зачувување на природата Јуронатур и Ривервач (EuroNatur и Riverwatch).

Планот за ХЕЦ Луково Поле

Минатиот петок претседателите на Светската банка и ЕБОР добија отворено писмо од меѓународно признаени научници од областа на животната средина против нивното планирано финансирање на двата проекти за изградба на хидроцентрали во Националниот парк Маврово. Во писмото научниците потсетуваат дека „националните паркови се области издвоени со цел да се заштитат големите екосистеми од човечкото негативно влијание. Како такви, националните паркови се области каде се забранети големи хидроелектрични централи или кои било други деструктивни форми на користење на земјиштето”.

Во планинскиот пејзаж на Маврово живеат волци, мечки и видри и растат над 1.000 вида растенија што се наоѓаат на заштитени листи на голем број меѓународни конвенции. Неговиот најинтересен жител е балканскиот рис, подвид на евроазискиот рис. Денес постојат само околу 50 единки од овие ретки мачки, и досега само во Националниот парк Маврово постојат докази за размножување на овој вид. Градење на овие хидроенергетски проекти може да значи крај за балканскиот рис!

Но, оваа акција не е само за заштита на Националниот парк Маврово. Овие проекти го поткопуваат начелото на заштита на националните паркови насекаде.

„Овие проекти се напад врз најзначајната категорија на заштитено подрачје во Европа, односно напад врз самата трговска марка “Национален парк” како таква. Ова е уште една причина зошто треба да ги спречиме овие проекти …”, изјави Габриел Швадерер (Gabriel Schwaderer), извршен директор на Јуронатур.

Јуронатур и Ривервоч извршија анализа на заштитната вредност на 36.000 километри реки во јужна Европа и преземаат мерки со цел да се заштитат барем најважните реки и водни површини, особено од изградбата на нови хидроцентрали. Основни области каде што двете организации ги концентрираат своите напори, се реката Вјоса во Албанија, реката Сава во Словенија и Хрватска и Националниот парк Маврово во Македонија.

Георг Грабхер (Georg Grabherr) во понеделникот во Македонија, заедно со коалицијата на еколошки здруженија „Екологијата – Приоритет!”, коалицијата за зачувување на природата „Натура 2000″ и други организации испратија „Декларација за спас на Националниот Парк Маврово” поддржана од 119 научници до премиерот Никола Груевски и до министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, со апел да се повлече финансирањето на овие проекти и да се забрани нивната изградба.

Предраг Стојковски, основач на блогот за Eнергетска ефикасност

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе