ПО ВЧЕРАШНАТА СООБРАЌАЈКА

Едно лице загина во превртениот автобус кај Велес, девојче остана без рака

Жена почина по здобиените повреди во вчерашната тешка сообраќајна несреќа кога на автопатот Велес-Катланово се преврте автобус полн со македонски туристи на враќање од одмор од Грција. Лекарите на Детската хирургија во Скопје биле приморани да ја ампутираат раката на едно деветгодишно девојче. Останатите 25 повредени лица се надвор од животна опасност.

Вчера околу 19 часот во близина на зимскиот пункт Кула на автопатот Велес-Скопје автобус со македонски регистарски таблички изгубил контрола и излетал од коловозот. Сообраќајот беше во прекин, додека возилата на итна помош да ги пренесат повредените во болница, информираа од МВР.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе