МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Едно лице е во критична состојба од бактеријата листерија

На Клиниката за инфективни болести во Скопје кај уште едно лице е лабораториски потврдено присуство на бактеријата листерија и со дијагноза менинго енцефалитис тој е во критична здравствена состојба.

И едно бебе на Клиниката за детски болести во Скопје е со сепса предизвикана од бактеријата листерија, но неговата здравствена состојба се подобрува. Регистрирани се пет нови случаи со дијагноза менинго енцефалитис од Скопје, Кочани, Македонски Брод, Охрид и Гевгелија.

Според Звонко Миленковиќ, претседателот на Комисијата за заразни болести и директор на Инфективната клиника две лица со дијагноза менинго енцефалитис се излекувани и се пуштени на домашно лекување. 

„Сомнителни сме сите. Причинителот го има насекаде, меѓутоа болеста може да ја добијат само оние кои се екстремни возрасти, бремени жени и имунокомпромитирани. Дури и внесена во организмот листеријата во вообичаени концентрации не може да даде никакви симптоми“, рече Миленковиќ и додаде дека кај здрави лица со подобар имунитет заболувањето поминува со полесна клиничка слика, со стомачни проблеми, дијареја, температура која трае неколку дена и спонтано поминува.

Раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство Јованка Костовска рече дека во последниов месец се регистрирани седум случаи.

„Листериозата како заболување не е пријавена во Македонија претходните години, а како изолат од храна регистрирана е кај три примероци лани и кај три примероци годинава со тоа што годинава имаме пријавено и заболување“, вели Костовска. 

Листериозата е бактериско заболување кое најчесто се појавува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија како што е месо, преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук, чадена риба итн. Листеријата се уништува со добра термичка обработка, со печена и варена храна (над 70 степени Целзиусови).

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе