Екипите го пребаруваат трговскиот

Единицата за антитероризам по дојавата за бомба детално го пребарува Сити мол

Трговскиот центар Сити мол во Скопје е опколен со полициски возила, а на терен се и екипите на Единицата за антитероризам кои го пребаруваат буквално секое ќоше во трговскиот по добиениот повик за бомба. Надвор од трговскиот центар има и возила на Итната медицинска помош и на Противпожарната единица. Се пребарува секој дел од трговскиот центар по дојавата дека внатре во просториите има поставено бомба. 

Оние кои биле внатре во трговскиот центар информацијата за наводна поставена бомба ја добиле преку разглас во трговскиот центар и добиле апел веднаш да излезат надвор од просториите.

Како што веќе објавивме, полицијата добила повик од лице кое се претставило како вработен во трговскиот центар и пријавил дека има поставено бомба. 

Екипите утврдуваат дали ова е точно, но се проверува и од каде е дојден повикот. 

До сега дојави за поставени бомби имаше за во објектите на Владата и Собранието во 2017, како и во трговскиот центар Рамстор во 2013 година. 

Истрагата покажа дека сите овие дојави биле лажни, а онаа за во Собранието беше пријавена од телефонската говорница во затворот во Идризово. 

К.Д.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе