Поднесена жалба на решението за притвор

Двата пасоши на Мукоски наместо во судот како гаранција, завршија со него во Истражниот затвор во Шутка

И двата пасоши, службениот и личниот, на пратеникот Крсто Мукоски вчера, во Основниот суд Скопје 1, каде ги понудил како гаранција дека нема да бега завршиле во Истражниот затвор во Шутка. Судот не ги прифатил, па сега се наоѓаат во личните работи кои им се одземаат на притворениците, откако по издаденото решение тие ќе бидат спроведени на издржување на мерката за обезбедување на присуство. 

Неговиот адвокат Игор Кичеец вели дека веќе поднеле жалба на одлуката за притвор и сега чекаат одлука од судот кој има рок од 48 часа да реши дали ќе им ја прифати жалбата или пак ќе го потврди веќе донесеното решение на судијата на претходна постапка.

„Поднесовме жалба на решението на судот. Мукоски уште вчера со него ги носеше и службениот и личниот пасош и веднаш ги понудивме како гаранција дека нема да побегне. Но, судот не прифати да му ги одземе пасошите, туку му ја определи најстрогата мерка за обезбедување на притсуство. Тој редовно се јавува во судот на секоја покана и доброволно доаѓа. Ако сакал да побегне до сега имал цели седум месеци, а ги имал и пасошите во рака. Но, не побегна. Ние како одбрана сметаме дека нема основа да му биде определена мерка притвор и затоа поднесовме жалба на решението на претходна постапка", ни изјави Кичеец, адвокат на осомничениот пратеник, Крсто Мукоски.

Судијата на претходна постапка вчера го прифати барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција и му определи мерка од 30 дена на Мукоски. Основите поради кои му се определува притворот на осомничениот пратеник се опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и попречување на истрагата.

За адвокатот Кичеец сите три причини се без основа бидејќи, како што вели, ако сакал Мукоски, до сега ќе го направел тоа во овие седум месеци додека траеше предистражната постапка за насилството од 27 април.

Крсто Мукоски, заедно со Љубен Арнаудов и Сашо Василевски вчера нешто по 15 часот, по издаденото решение од сдуот со едно полициско комбе и полициска придружба беа спроведени во Истражниот затвор во Шутка. Тој пред распитот кај судија на претходна постапка во изјава за медиумите рече дека нема основи да му биде определ притвор и изрази доверба во судот.

Мукоски, заедно со уште петмина пратеници и триесет други лице се осомничени за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата за настаните од 27 април. Мукоски е осомничен дека ги отворил вратите на главниот влез на Собранието и дозволил толпата да влезе внатре во законодавниот дом. 

К.Д.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе