Храбар подвиг во Јужна Америка

Македонски планинари на -25 степени го искачија врвот Аконкагва

Македонските планинари, Александар Кирковски и Димитар Тодоровски вчера успешно го искачија највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва 6.962 метри надморска висина. Аконкагва се наоѓа на Андите во Аргентина близу границата со Чиле, а освен на континентот претставува воопшто највисок врв надвор од Азија.

„Искачувањето го реализиравме со почеток од вториот висински камп, времето беше стабилно со ветар од 40 километри на час и температура од околу -25 Целзиусови степени. Истиот ден се спуштивме до базниот камп на 4.300 мнв и се чувствуваме одлично", изјавија планинарите по овој храбап подвиг.

За Александар ова искачување е дел од подготовките за брзинско искачување на Аконкагва што треба да се случи во некој од наредните денови, а неговата цел е под 12 часа од подножјето до врвот и назад.

Димитар со 23 години е веројатно најмладиот Македонец што го искачил овој врв. Акцијата е дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Претходно оваа сезона врвот Аконкагва 6962 мнв успешно го искачи Д-р Сашко Кедев, а уште тројца планинари од Македонија во моментот се на експедиција на планината.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе