ДОМ најави кривични пријави поради каменоломите во Лабуништа

Политичката партија ДОМ најави кривични пријави за загрозување на човековото здравје поради каменоломите во Лабуништа. „Доколку институциите продолжат да се оглушуваат, ДОМ ќе поднесе кривични пријави за загрозување на човековото здравје против одговорните лица во нив", велат од партијата.

ДОМ изрази поддршка за протестот на жителите од Лабуништа против каменоломите. Од партијата нагласуваат дека не се живее среде каменоломи, во бучава и прашина.

„Каде е Државниот инспекторат за животна средина да излезе на терен и да го утврди степенот на загаденост на воздухот, водите и почвата? Каде е санитарниот инспекторат да утврди какво е здравјето на децата и сите жители во таа прашлива бркотница? Што презедоа министерствата за економија и животна средина по жалбите и апелите од сите страни?, Има ли некој да ги чуе луѓето што бараат помош и спас од каменоломите во нивните дворови?", прашува ДОМ.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе