Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Амбасадорот на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар денеска ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство.

Првата награда ја добија Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска за истражувачката сторија „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели". Втората награда ја доби Сашка Цветковска за истражувачката сторија „Тајните играчи од САД позади македонските 'фејк њуз' велешки сајтови", а третата Кристина Озимец и Васко Маглешов за истражувачка сторија „Пратеничките скандалозни суми за патни трошоци".

Овде сме да ги наградиме професионалноста, храброста и борбата за вистината во една од најважните професии глобално. Професионалното новинарство е од исклучително значење за демократијата, а новинарите се „најстроги набљудувачи" на политичката елита. Тие се тука за копаат подлабоко, да ја најдат вистината, рече евроамбасадорот Жбогар додавајќи дека сето тоа што го прават е во интерес на демократијата, општеството и граѓаните.

Сите добитници на наградите, како и членовите на Комисијата којашто одлучуваше кој да ги добие, се едногласни, потребно е и натаму новинарите да работат на истражувачки стории и покрај тешкотиите со кои тие се соочуваат, проблемите и пречките на кои наидуваат, за подобро општество и во интерес на граѓаните. Овие награди, посочија, треба да бидат мотив и за помладите новинари да се фатат во костец со овој предизвик.

Наградите се дел од тековниот проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на квалитетното информирање и независното новинарство во Западен Балкан и Турција". Целта на доделувањето на овие награди на ЕУ е да им се оддаде признание и да се промовираат исклучителни достигнувања на истражувачкото новинарство.

Овие награди се воспоставени од 2015 година. Годинава наградниот фонд изнесува 10.000 евра, 5.000 за првата награда, 3.000 за втората и 2.000 евра за третата.

За доделувањето на наградите одлучувала тричлена комисија од истражувачки новинари од земјата и странство. За наградата пристигнале 20 апликации од 23 новинари, а од нив осум влегле во потесен избор. Од овие осум стории се избрани наградените три.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе