Доделена наградата Жан Моне

Бојан Блажевски за новинарски текст, Томислав Георгиев за репортерска фотографија и Александар Ристовски за аматерска фотографија се добитниците на годинашната награда „Жан Моне“.

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Советот за

етика во медиумите вечерва ги додели наградите за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија, како и за најдобра аматерска фотографија.

Годинава сториите и репортерските фотографии беа на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, а аматерските фотографии на темата „Нашата различност, наша сила”.

Наградите ги доделија евроамбасадорот Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне“, Надежда Гаче, актуелен директор и главен и одговорен уредник на неделникот Нови Магазин, Србија. 

Наградата што годинава се доделува по 16. пат се состои од мали статуети за сите победници, ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра за победниците во категоријата најдобра новинарска сторија и најдобра професионална фотографија, како и ваучер во вредност од 500 евра за победникот во

категоријата најдобра аматерска фотографија.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе