Реакција на новинарските здруженија

До Кривичниот суд: Ве поздравуваме со членот 16 од Уставот на РМ! Цензурата е забранета!

Зачудени сме што, наместо на јавноста и на граѓаните да им дадете објаснување зошто навистина новинарот Кежаровски толку долго е во притвор, вие се обидувате да ги дискредитирате и иницијативниот одбор и новинарската професија во целина, се вели во реакцијата на  новинарските здруженија на вчерашното соопштение на Кривичниот суд.

Според Судот протестите за ослободување на притворениот новинар се обид за нарушување на независноста на институцијата.

„Вашиот таканаречен притисок врз македонското судство деновиве не го прави иницијативниот одбор, туку ОБСЕ, делегацијата на ЕУ во Македонија, Меѓународната федерација на новинари, медиумските асоцијации од Европа, здруженијата на новинарите од регионот, ИФЕКС, „Репортери без граници“, Мрежата на медиумски организации на Југоисточна Европа и СЕМО“, реагираат новинарите:

„Доколку овие апели и барања не се стигнати до Основниот суд 1 преку медиумскиот простор што и тие го „злоупотребуваат“ со вакви изјави стоиме на располагање во секое време да ги доставиме до судот. Нѐ загрижува леснотијата на вашиот искажан став, според кој постојат „таканаречени форми на слобода на изразување“ со кои ние го изразуваме „незадоволството од очекуваниот тек на постапката, па со оваа цел, преку различни ’иницијативни одбори’ и други интересни групи, со организирање протести пред судот, ставајќи се над законот и Уставот на Република Македонија“.

Во реакцијата на Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски понатаму се вели:

„Доколку навистина со нашите јавни изречени ставови и со нашето уставно загарантирано право на протести, како што се наведува во соопштението на судот, „се прави упад во независното функционирање на судскиот систем и примена на законите, се загрозуваат правниот поредок и правната еднаквост на граѓаните“, тогаш како граѓани на Македонија сме длабоко загрижени за кревкоста на судскиот систем. Ако со свирчиња новинарите направиле упад во независноста на судот, тогаш што прават политичките елити и другите центри на моќ со нивните инструменти за притисок врз судството?!

Не сакаме да веруваме дека судот намерно ја дезинформира јавноста кога во соопштението наведува дека со „постојаните притисоци на таканаречениот иницијативен одбор“ „обвинетиот новинар се става во привилегирана позиција во однос на преостанатите обвинети“, па дури дека и „на овој начин се злоупотребува позицијата новинар за да се прикаже во јавноста дека во Република Македонија се ускратуваат правата на слобода на изразување“. За медиумите и новинарите, но пред сѐ, за целокупната јавност во Македонија, исклучително е важно судот да покаже дека го уважува, го признава и го поддржува слободното новинарство и го смета како нужна неопходност, која ги штити јавниот интерес, плурализмот и демократијата во нашата држава.

Ве поздравуваме со членот 16 од Уставот на Република Македонија: Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање институции за јавно информирање.

Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување информации. Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање. Цензурата е забранета.“

 

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе