Градоначалникот на Фејсбук

Димитриевски: Не уривавме режим и криминал за да ни се случува дежа ву

Ниту јас, ниту премиерот Заев, ниту сопартијците, симпатизерите и сограѓаните, уривавме режим, криминал, беззаконие, корупција, за да на сите нас ни се случува дежа ву, реагира кумановскиот градоначалник од редовите на СДСМ Максим Димитриевски, во однос на информациите дека новоформираната компанија треба да добие тендер во здравството тежок 35 милиони евра, а компании каде уддел имаат Кочо Анѓушев и Хари Локвенец добиле грант од Фондот за иновации.

„Доколку и еден промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите... е точен, мораме да се свртиме кон нас самите и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања! Живот за сите нема да дозволиме да биде живот за некого или живот за мене, бидејќи така многу лесно ќе преминеме на „темната страна".

Политиката е како атлетика, штафета 4х100. Само еден од тимот да е послаб или немотивиран, целиот тим губи. Јас не сакам ниту ќе дозволам да губи мојот тим – граѓаните на Македонија", напиша тој на неговиот Фејсбук профил.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе