Претседателски избори 2019

ДИК: До 15 часот излезноста на гласачите во целата земја е 28,89 отсто

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на првиот круг од претседателските избори изнесува 28,89 отсто. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференција рече дека од околу 75 отсто обработени гласачи места, до 15 часот излегле да гласаат 396.252 избирачи.

Најголема излезност, исто како и до 13 часот, има во Прилеп – 43,85%, a најмала во Липково – 9,75%.

Во Центар излезноста изнесува 38,65 проценти, што е најголема излезност во скопските општини, а најмала е излезноста во Чаир со 17,2 проценти.

Во Аеродром, излезноста е 35,45%, понатаму Арачиново 14,75%, Берово 34,75%, Битола 32,81%, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24%, Велес 32,11%, Гевгелија 39,26%, Ѓорче Петров 33,3%, Делчево 37,69%, Долнени 16,75%, Илинден 29,18%, Кисела Вода 34,99%, Карпош 37,69%, Кавадарци 39,01%, Македонски Брод 42,22%, Охрид 36,77%, Ново Село 37,71% ...

Дерковски нагласи дека нема посериозни нарушувања на изборниот процес. 

Додаде дека се пристигнати  8 нови приговори за гласачкото право, за што ќе заседаваат и ќе одлучуваат во ДИК. Но, тоа не се приговори од суштинска природа што го нарушуваат изборниот процес, рече претседателот на ДИК кој на крајот изрази надеж дека изборниот процес ќе заврши мирно како и до 15 часот. 

Покрај за претседател денеска во општините Охрид, Ново Село и Дебар се гласа и за избор на нов градоначалник.

Гласачките места се отворени до 19 часот. Право на глас имаат 1.808.131 избирач.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе