четврток, 28 март 2024

Дијаспората може да гласа само за претседател на Македонија, пријавени само 2.571 гласачи

Со оглед на тоа што за гласање на престојните избори во дијаспората се пријавиле само 2.571 македонски државјани, тие ќе можат да гласаат само за претседателските избори, а не и за парламентарните за кои беше потребно да се пријават најмалку 5.353 иселеници. Гласањето ќе се спроведе во 31 дипломатско – конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии на Македонија во странство.

Објавено на

часот

Сподели

На денешната седница, Државната изборна комисија (ДИК) објави дека гласање ќе има во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85,Торонто-117,Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Останатите наши граѓани кои живеат во странство своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата.

Во рокот, како што информираа од ДИК, се пријавиле 2.904 наши државјани, а законските услови ги исполниле 2.641. Гласање нема да се спроведе онаму каде што се пријавени помалку од 10 избирачки, а тоа се во 20 дипломатско-конзуларни претставништва.

Избори за пратеници нема да се спроведе имајќи предвид дека не беа пријавени доволен број наши државјани за гласање.

„Сите избирачи кои се пријавиле за гласање согласно законските рокови ќе бидат запишани во посебните избори во Македонија според адресата на живеење“, изјави потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.

Тој објасни дека од 2.868 пријави од наши државјани за гласање на парламентарните избори вкупно 2.605 се прифатени што не се доволни за организирање избори во Изборната единица 7 (дијаспора). За да се организираат избори потребно е да се пријават најмалку 5.353 гласачи во странство, онолку колку што најмалку освоил пратеник на минатите парламентарни избори.

За претседателските избори ќе се гласа имајќи предви дека станува збор за избори кои се практично, една изборна единица.

ДИК, на седницата денеска, усвои и Упатство за чување и уништување на податоците во апаратите за биометриска идентификација. Тие треба да се бидат избришани триесет дена по објавување на конечните резултати од изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ