СРЕДБА ВО ВЛАДАТА

Заев ќе биде покровител на конференција на децата бегалци од Егејска Македонија

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев прифати да биде покровител на петтата конференција на децата бегалци од Егејска Македонија, која е планирана да се оддржи од 19 до 21 јули нареедната година во Скопје.

Заев рече дека прифаќањето на оваа покана за него значи афирмација на соработката на Владата со Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејска Македонија.

На денешната средба со претставници од Сојузот на здруженијата на Македонци од Егејска Македонија и претставници од Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија, Здружението на Македонци потомци од Егејска Македонија,како и претставници од Здружението „Незаборав“ од Струмица присуствуваше и министерот за дијасппора Едмонд Адеми.

Претставниците на здруженијата го поздравија склучениот договор со Република Бугарија, како позитивен чекор во градењето пријателски односи со соседите, и искажаа поддршка во напорите да се подобрат односите со сите соседи и со Република Грција. Во оваа прилика тие истакнаа дека, според нив, има многу нешта што можат да се искористат како појдовна точка за градење на подобри односи со Република Грција.

Сојузот, во оваа прилика побара помош од премиерот за решавање на нивниот проблем со простории за работа, откако претходно биле насилно исфрлени од просториите во кои престојувале и делувале. Заев ветил дека проблемот ќе биде решен, затоа што „определбата на владата е да им помага на сите свои граѓани“.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе