Париз

За македонски здруженија на дијаспората Спогодбата со Грција е антимакедонска

Стоп за македонскиот етноцид е заклучокот од состанокот одржан пред два дена во Париз на Сојузот на македонските здруженија од дијаспората. За овој сојуз Спогодбата со Грција е антимакедонска, противуставна, противправна и репресивна.

Македонски здруженија и активисти од Австралија, Европа и Америка усвоија платформа за заедничко дејствување против политиките договорени со Спогодбата од Преспа, против невалидниот референдум, како и пошироко против корумпираното и угнетувачко владеење на режимот на Зоран Заев и Али Ахмети.

Во платформата меѓу другото се вели дека грчкиот договор, а со тоа и најавениот референдум е антимакедонски, ја легитимизира грчката националистичка и ревизионистичка индоктринација дека не постои автохтон македонски етнички/народен идентитет, дека Македонија е античко-грчка територија, дека во Егејскиот дел на Македонија отсекогаш живееле само Грчки ‘Македонци’ и никогаш домородни етнички Македонци, дека македонскиот народен идентитет е вештачка творба од крајот на Втората светска војна, ограничена на територијата на Република Македонија, а со тоа и дека не постојат домородни етнички Македонци во деловите на Македонија под Бугарија и Албанија., се вели во соопштението потпишано од застапникот на кампањата против учество на референдумот Игор А. Александров.

 

 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе