Македонски здруженија и активисти од Австралија, Европа и Америка усвоија платформа за заедничко дејствување против политиките договорени со Спогодбата од Преспа, против невалидниот референдум, како и пошироко против корумпираното и угнетувачко владеење на режимот на Зоран Заев и Али Ахмети.
Во платформата меѓу другото се вели дека грчкиот договор, а со тоа и најавениот референдум е антимакедонски, ја легитимизира грчката националистичка и ревизионистичка индоктринација дека не постои автохтон македонски етнички/народен идентитет, дека Македонија е античко-грчка територија, дека во Егејскиот дел на Македонија отсекогаш живееле само Грчки ‘Македонци’ и никогаш домородни етнички Македонци, дека македонскиот народен идентитет е вештачка творба од крајот на Втората светска војна, ограничена на територијата на Република Македонија, а со тоа и дека не постојат домородни етнички Македонци во деловите на Македонија под Бугарија и Албанија., се вели во соопштението потпишано од застапникот на кампањата против учество на референдумот Игор А. Александров.