Во Корча се одбележа 90-годишнината од раѓањето на Никола Беровски

Во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Никола Беровски, истакнат учител, учебникар за македонското национално малциство во Република Албанија, вчера во градскатата библотека „Тими Митко” во Корча, во организација на Македонскиот културен центар „Сонце” и со подршка на општина Корча, се одржа промоција на препечатенoто издание на македонско-албанскиот речник на Никола Беровски.

 

На промоцијата учествуваа Македонци од Корча, преставници на Македонска алијанса за европска интеграција од Корча, Билишта, Поградец и Мала Преспа, преставници од македонското друштво „Прегор“ од Поградец, македонското друштво МЕД од Врбник, претставници од корчанската митрополија и од разни институции од Корча, како и писатели од Корча и Охрид.

Речникот пред многубројната публика го претставија Васил Стерјоски, активист за малцински права на Македонците во Албанија, Фото Никола, извршен уредник на новото издание, Илинден Спасе, син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе, а свои поздравни излагање имаа и Едмонд Темелко, претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија и Спасе Мазенковски, писател од Мала Преспа.

Ученичките Кристина Терпо и Павлина Дине од гимназијата од Пустец рецитираа две необјавени стихотворби од Никола Беровски за Мала Преспа. 

Во своето излагање на промоцијата Фоте Никола, извршен уредник на новото издание, истакна дека овој речник на Беровски вечно ќе трае и ќе се користи неговиот македонско- албански речник со над 10 илјади зборови, пренесува весникот Македониум.

„По 30 години, деновиве е испечатено второто издание од првото издание кое е објавено во тешки услови од времето на минатиот режим. Овој македонско-албанскиот речник ќе трае долго време, не само во рацете на македонското малцинство, но и на сите граѓани во Република Албанија”, истакна Никола.

„Никола Беровски, Борис Малевски и други ги положија темелите на наставата на мајчин јазик во Мала Преспа, преку конкретната настава, борбата против неграмотноста, обезбедувањето на учебници на мајчин јазик. Овде треба да се истакне и придонесот на познатиот писател, Стерјо Спасе, Македонец од Мала Преспа, кој беше редактор на сите учебници составени или преведени од Никола Беровски”, истакна Илинден Спасе. 

Едмонд Темелко, градоначалникот на општината Пустец најави дека на првата седница на Советот на општина Пустец, Никола Беровски посхумно ќе биде прогласен за почесен граѓанин на општината.

Речник е испечатен во 500 примероци, кои ќе се подарат на Македонците во Албанија и е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој  во 1945 година доаѓа во Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе