По успехот на саемот на книгата во Париз

Во Холивуд ќе се снима филм по книгата на Дејан Димитриески

Кога ќе бидам сигурен дека сценариото е во вистински раце, кај вистинскиот режисер, филмот ќе се сними, вели во разговорот за МКД.МК Македонецот што долги години живее во САД, а годинава ја доби наградата за најдобар автобиографски роман на фестивалот на книгата во Париз.

„Солзи за мојот град“ е насловот на книгата што годинава ја доби наградата за најдобар автобиографски роман на фестивалот на книгата во Париз. Неговиот роман ја доби и втората награда на фестивалот на книгата за 2013 во Холивуд . Овие успеси веднаш го предизвикаа вниманието на американската кинематографска индустрија. Димитриески веќе го адаптирал романот, го напишал и сценариото.

„Првите филтри во Холивуд веќе се поминати и има голем интерес за филмување на романот. Да се надеваме дека и тоа ќе се случи. А ако биде така, јас предвидувам дел од филмот да се сними и во Македонија, па тоа ќе биде добра шанса за мене за еден подолг престој во мојата татковина“, вели Димитриески.

Дејан Димитриески Неговата книга „Солзи за мојот град“ годинава стана вистински бестселер, а во тесен избор е за награди на уште најмалку две награди на саемот на книгата во Лондон и на еден друг фестивал во САД. Инаку, на Амазон, оваа книга е веќе прогласена за бестселер.

Дејан Димитриески е роден во тетовското село Ратаје.

„Пред да се доселиме во Детроит, моите родители беа неколку месеци на работа во Австрија. Во седумдесеттите години од минатиот век се населивме кај наши пријатели во еден од, во тоа време најопасните квартови во Детроит. Како член на културно-уметничкото друштво Македонка во 1984 година се вратив во Македонија и доста патував низ земјата. Поголемиот дел од моето семејство се уште е во Македонија и посакуваа моите родители да останеа во земјата. А моите родители се уште не можат да ми ја кажат вистинската причина за нивната одлука да се преселиме во Америка. И јас и сестра ми се уште го добиваме одговорот – за подобар живот“, вели во разговорот за МКД.мк Димитриески.

Токму тој „подобар живот“ во Детроит во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век е темата на романот на Димитриески – дете на 12 години, белец со источноевропски акцент, во срцето на најкриминалниот црнечки кварт во Детроит.

Во еден дел од романот, токму овој дел за преселбата во Америка Димитриески го опишува во својот роман. По конфликтот во Македонија во 2001 година, татко му на Дејан се обидел да му ја дообразложи причината за преселбата со безбедноста на неговото семејство. Димитриески во романот вели дека ако се споредат опасностите кои тој како тинејџер ги доживеал на улиците на Детроит, во квартот во кој владеел криминалот, дрогата и разноразните гангстерски банди, тоа, со неколкумесечниот конфликт во Македонија не се ни споредуваат.

 Ова е негова прва книга, но веќе планира да напише уште една.

Во разговорот Дејан не ја заборави и неизбежната тема – името. „Што се однесува до актуелниот проблем со името, не смееме да дозволиме да ни го земат она што сме и отсекогаш сме биле. „Секој вистински Македонец никогаш нема да се откаже од правото да биде Македонец, да има земја Македонија и да го пренесе тоа право на сите Македонци низ светот“.

А.Д. 

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе