Албански парламент

Во Албанија се врати македонското име на Пустец

Албанскиот парламент денеска донесе одлука да го врати македонското име на општина Пустец. Оваа одлука е донесена со 120 гласа за, и без ниту еден глас против.

Васил Стерјовски и Едмонд Темелко од партијата Македонска алијанса

Минатата недела Законодавната комисија на албанскиот парламент го изгласа предлог законот за враќање на македонското име на општина Пустец (Ликенас).

Ликенас беше со сила наметнато име на општината Пустец во Албанија уште во 1973 година, кога се сменети и имињата на повеќе македонски села.

Сега на ред е враќањето на имињата на повеќе македонските имиња и на осумте села кои гравитираат кон оваа општина.

Македонците од Мала Преспа во Албанија петицијата за враќање на името Пустец на нивната општина му ја предадоа на пратеникот од регионот Корча, Едмонд Спаху, уште во 2008 година. Советот на општина Пустец неколкупати досега носел одлуки за враќање на македонските топоними на селата, но тие не биле одобрувани од страна на префектурата Корча, во чијшто состав е општина Пустец.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе