СЕЌАВАЊЕ

Умре Ристо Пеов, сопственикот на Епинал и ски центарот Маврово

Денеска на 74 годишна возраст почина Ристо Пеов, сопственик на хотелите Епинал во Битола, хотел Бистра во Маврово, спортскиот ресорт и ски центарот во Маврово.

Пеов е роден во 1943 година во село Бапчор, Егејска Македонија.

Комеморацијата ќе се изврши в понеделник, во 14 часот, во хотелот Епинал во Битола.

Ристо Пеов е еден од првите повратници од дијаспората од Австралија, кој во родната Македонија се врати во 1992 година. Тој беше инвеститор во угостителството, почнувајќи со Ле Гранд казината во Скопје и Битола, а потоа и во хотелите во  Маврово и Битола. Пеов го развиваше спортскиот и ски центар во Маврово. Важеше за влијателен и амбициозен бизнисмен со визија за развојот на туризмот и угостителството во Македонија.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе