Тријазична брошура за Македонците во Албанија и друштвото „Илинден“

Од печат излезе брошура за Македонците во Албанија и Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, која што содржи куси информаци за Македонците во Албанија и активностите на друштвото „Илинден“, кое на почетокот на февруари ќе одбележи девет години плодна активност.

„Брошурата ‘Македонците во Република Албанија и Македонското друштво Илинден –Тирана’ е тројазична и е отпечатена на македонски, албански и англиски јазик. Со оглед на фактот што ваква брошура излегува за првпат, а особено што е тријазична, очекуваме дека секој заинтересиран за темата која се обработува во неа, ќе ги најде најосновите информаци“, изјави уредникот на изданието, Никола Ѓурѓај.

Брошурата, според Ѓурѓај, која е отпечатена во 400 примероци ќе се дели бесплатно на целата територија на Албанија, како и во Република Македонија и меѓу дијаспората во светот.

МИА

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе