Австралија

Трето полувреме по вчерашните протести, во Мелбурн расистички графити по објектите на македонската заедница (ФОТО)

Македонската заедница во Мелбурн е шокирана од расистичките графити испишани по објектите на македонските клубови и црква, јавуваат австралиските медиуми.„Смрт на сите" беше испишано на подот пред македонскиот фудбалски клуб.

Тензиите помеѓу грчката и македонската заедница особено се заострија по вчерашните масовни протести на Македонците во Сиднеј, Мелбурн, Перт и Бризбејн.

Претходно по улиците на Мелбурн протестираше грчката заедница која бараше промена на името на Република Македонија. Македонците од Австралија се против каква било промена на името Република Македонија.

Членовите на фудбалскиот клуб „Слога“ се шокирани од антимакедонски расистички графити испишани на зградата на нивниот клуб.

Графити се испишани и на оградата на Македонската православна црква Св. Никола во Престон, Викторија.

Питер Јасонидес, национален координатор на Пан-македонската федерација на Австралија, кој ја претставува грчката заедница од македонскиот регион во северна Грција, остро ги осуди акциите.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе