ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Тетовасот: Печалбарите од Кичево на 15 октомври се подготвуваат да дојдат и да гласаат за Дехари

Иселениците Албанци од Кичево веќе резервирале авио билети на 15 октомври, денот на одржувањето на локалните избори, да бидат во општината и да гласаат за Фатмир Дехари, единствениот кандидат на политичките партии на Албанците за градоначалник на Кичево, јавува порталот Тетовасот.

„Да, точно е дека резервациите почнаа, некои се направени за една недела порано, уште за 10 октомври, а другите за 15 октомври, за гласање на изборите, за поддршка на актуелниот градоначалник Фатмир Дехари. Досега, ние резервиравме голем број на билети, а резервациите почнаа и во други земји“, изјави вработен во агенција во Швајцарија за Тетовасот.

„Кичево не го даваме“, порачува албанската дијаспора.

Фатмир Дехари по вторпат е кандидат на ДУИ за градоначалник на Кичево. Ниту една политичка партија на Албанците нема да истакне кандидат за оваа функција. Негови противници ќе бидат двајца кандидати од македонските политички партии.

Тоа значи дека на овие избори Дехари ќе има поддршка од сите албански партии.

Eве ние ве сакаме, ве каниме да ни се придружите, ама за тоа ќе морате да се откажете од најсветото, од вашето „јас“ !?

повеќе

Доколку Нимиц нè разочара, Владата ќе биде исправена пред тешка дилема дали да стави помалку поволен предлог на референдум или да чека поповолен за да ги максимизира шансите референдумот да успее, но притоа и да ризикува губење на моментумот.

повеќе

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе