РЕАКЦИЈА ОД ПИРИН

Стојков: Македонија 25 години ништо не направи за Македонците во Бугарија, зошто сега, со договорот, би било поинаку

За разлика од оние кои тврдат дека со договорот за добрососедство со Бугарија се затвораат многу прашања, јас го велам спротивното - со овој договор се отвораат серија нови проблеми, вели во изјавата за МКД.мк Стојко Стојков, претседател на партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден - Пирин.

Со договорот за добрососедство Бугарија доби додатни механизми за оценка и за забавување на патот на Македонија кон ЕУ. Комисиите предвидени да се формираат со овој договор ќе ја влошат ситуацијата, затоа што тие комисии сега ќе креираат нови услови за македонското членство во ЕУ. Очекувано беше дека Република Македонија ќе се согласи дека се откажува од нас, Македонците во Бугарија. Таа во последниве 25 години никогаш и не се грижела за нас и покрај уставните обврски. Ако се грижеше за нас до сега ќе ни дадеше барем македонски пасоши, државјанства, и денес немаше да имаме вакви проблеми. Но, верувајте, за нас беше полесно да добиеме американски пасош, отколку македонски. А во меѓувреме Бугарија безусловно делеше бугарски пасоши на македонски државјани. Тоа е разликата од држава која работи, и држава која не работи“, изјави Стојков, претседателот на ОМО Илинден - Пирин, партијата која ги штити правата на Македонците во Бугарија и е член на Европската слободна алијанса.

Стојков најави заедничка реакција на договорот од повеќе организации на македонската дијаспора во Австралија и Канада и на македонски организации од Албанија.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе