ЈУЖЕН БАНАТ

Српските локални власти ја бојкотираа прославата на Илинден на Македонците (ФОТО)

И годинава Македонците од Србија го прославија Илинден во Вршац. Сепак оваа година беше малку поинаку. Според организаторите на прославата, Партијата на Македонците во Србија, во последен момент општината Вршац не дозволи празнувањето да се одржи на градскиот плоштад. Образложението беше дека „можело да заврне“, па ја понудиле салата во која има 60 места, а само за планираната програма имаше педесетина изведувачи.

 

Претесно и претопло беше за сите, велат учесниците и додаваат дека индикативно било и тоа што на прославата немало ниту еден претставник од градските власти.

Програмата ја изведоа здруженијата на Македонците во Србија Вардар од Вршац и Македонски бисери од Пландиште. Се пееја македонски песни, се слушна и кавалот и гајдата. 

Салата беше претесна, зовриена, но ведрите и насмеани лица ја искажуваа благодарноста за можноста да го одбележат својот национален празник во, сепак, пријателска Србија, велат претставниците на здруженијата од Јужен Банат.

„Никакви дневни политики никогаш нема да успеат да ги скараат нашите два народа. Македонците се почитуван народ во Србија, пријателството е докажано низ историјата која е градена со заеднички пролиена крв, секогаш на иста страна во војни, никогаш спротивставени. Од Дедо Иљо Малешевски кој со коњаниците помагал во ослободувањето на Белград, преку пробојот на Солунскиот фронт заедно со српската војска, па до 11 Македонска ударна бригада на Сремскиот фронт. Македонците секогаш биле почитувани во Србија, никому нема да му успее да ги скара нашите два народа. Старите нѐ учеле, почитувај ја и сакај Србија како втора татковина, а во душата носи ја Македонија и никогаш, никогаш не заборавај од каде си и кој си, тоа е долгот кон Илинденците и сите кои загинале за ние да опстанеме како Македонци и опстојуваме, негуваме и ја памтиме историјата, фолклорот, јазикот и обичаите. Стасуваат нови и нови генерации на Македонци во дијаспората. Ги почитуваме нашите сограѓани и почитувани сме. И нема да дозволиме никој никогаш да нѐ скара поради некој ситен моментален политички интерес. Нема никому да му успее да ни ги наруши децениските пријателски односи. Народот не може да го изманипулирате со медиумски невистини, за кавга секогаш се потребни две страни. Само заедно и сплотени како секогаш, можеме да одиме напред“, изјави Горан Илијевски, претседателот на Партијата на Македонците во Србија. 

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе