Бугарија

Софија ја отфрли пресудата на Стразбур зa OMO Илинден, петти пат по ред

Судот за човекови права во Стразбур донесе уште една пресуда со која на Бугарија и препорачува да ја регистрира невладината организација ОМО Илинден.

Ова е пета пресуда по ред, а Врховниот суд на Бугарија исто толку пати ја одбива оваа пресуда со образложение дека во нивната земја не постои македонско малцинство.

Во изјавата за ТВ Сител, Кирил Иванов, првиот човек на организацијата вели дека Mакедонците во пиринскиот дел од Македонија сега можат да одржуваат собири, но притисоците сеуште постојат.

„Ако си Mакедонец не можеш да работиш во полиција, ако си Mакедонец не можеш да бидеш ниту портпарол во Благоевград, не можеш да бидеш судија. Притисоците си продолжуваат од поранешната државна безбедност која сега се нарекува ДАНС“, изјави Кирил Иванов, претседател на ОМО Илинден.

На последниот попис во 2011 година во Благоевградскиот округ во пописните документи немало графа „Македонци“, туку само „други“.

Иванов вели дека и поранешните и сегашните и идните влади во Бугарија нема да го променат ставот за постоењето на македонскиот народ, но сепак ги поздравува иницијативите за меѓусебна соработка на двете соседни држави и решавањето на спорните прашања со меѓусебен дијалог.

А.Д.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе