ТОРОНТО

Порака од Македонците во Канада: Ако го смените конзулот, ја прекинуваме соработката со Владата

Не ги прифаќаме обвинувањата на грчкото МНР за иредентизам со приказот на македонските симболи. Не прифаќаме дека со тоа сме ја прекршиле Времената спогодба. За овој настан, кој според Атина е иредентистички, а за нас банален, одговорноста ја презамаме ние, Обединетата македонска заедница во Канада и Светскиот македонски конгрес, се вели во реакцијата на овие организации по соопштението на грчкото МНР.

„Атина поплаките нека ги пратат на нашата адреса. Ако македонската држава подлегне на грчките провокации и го дисциплинира или побара одговорност од македонскиот генерален конзул во Торонто Јовица Палашевски за да добие поени во Грција, во тој случај македонската влада треба да биде спремна на целосна изолација и несоработка помеѓу сите идни диплoмати и македонската заедница во Канада. Нашите, македонски симболи забранети во Македонија од Лисабонската декларација вечно ќе се веат и ќе бидат изложувани на сите македонски собири во Канада или каде било низ светот каде што живееат Македонци надвор од Македонија“, реагира Светскиот македонски конгрес Канада.

„Атина нема право да се жали за прекршување на Времената спогодба од страна на Македонија. Атина е таа што ја прекрши Времената спогодба со блокирањето на членството на Македонија во НАТО, неправдата од Грција спрема Македонија после долга судска разврска се докажа и пред највисокиот суд за човекови права, Хашкиот суд... Илинденските собири се организирани од македонски друштва и волонтери од македонската заедница во Канада, ние како канадски државјани имаме право да изложиме каква било мапа, знаме, обележје кое ние самите ќе го одбереме за нашите собири. Македонскиот генерален конзул во Торонто, Јовица Палашевски кој се товари за банална работа ги поздрави присутните Македонци и им го честита големиот македонски празник Илинден од бина на која во позадина биле закачени Античка карта на Македонија и македонското сонце од Кутлеш“, се вели во реакцијата.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе