ЊУЈОРК

ОМД: Заев вети дека попис ќе има во 2019 година

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) на средбата со македонската владина делегација која учествува на 72-то Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во однос на предлогот за измени во Законот за јазивите ги повтори своите ставови дека e неприфатливо сѐ што задира по македонскиот Устав, унитарноста, националните интереси, територијалниот интегритет на Република Македонија, како и можно креирање на бинационална држава наместо држава за Македонците и сите малцинства со подеднакви права.

На средбата со македонската владина делегација присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерот за  дијаспората Едмонд Адеми, министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Претседателот на ОМД, Методија А. Колоски го постави и прашањето за попис на населението во Република Македонија, на што премиерот Заев даде ветување дека ќе биде спроведен во 2019 година.

Владимир Котевски, активен член на ОМД, побара подетално објаснување од владината делегација за грчкиот проблем со нашето уставно име и го повтори ставот дека преговорите треба да се прекинат.

Претставниците на ОМД побараа и отворање на конзуларни претставништва во Њу Јорк, Лос Анѓелес, Перт и Сиднеј и поддршка на интернет Центарот за изучување на македонски јазик за деца и возрасни родени надвор од Македонија.

Колоски искажа незадоволство од одлуката на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за повлекување на македонскиот генерален конзул Јовица Палашевски од Торонто. Работата на македонските дипломатски конзуларни преставништва е да бидат помеѓу македонската заедница, а Палашевски беше еден од тие дипломати што секогаш беше активен член на македонската заедница која ја претставуваше и служеше во име на Република Македонија.

Претседателот на ОМД, Колоски, оствари средба и со специјалниот медијатор во преговорите за името на ОН, Метју Нимиц. На средбата Колоски уште еднаш го повтори ставот на ОМД дека преговорите за името мора да се прекинат, повторно нагласувајќи дека 137 земји веќе ја имаат признато Македонија под своето уставно име. На овој состанок, ОМД потенцира уште еднаш дека не го прифаќа ставот на двете најголеми македонски политички партии за референдум за името на Република Македонија, притоа истакнувајќи дека Владата на Република Македонија има мандат да се придржува до Уставот на Република Македонија во целост, а според истиот не постои никакво отворено прашање околу желбата и одлучноста на народот за името на својата држава - Република Македонија, соопшти ОМД. 

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе