РЕАКЦИЈА

ОМД: За името нема „заемно прифатливо решение“, ниту пак референдум

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) континуирано ги поддржува напорите на Република Македонија за влез во ЕУ и НАТО, но не по цена на промена на името.

„Со децении, Грција е главната пречка во барањата на Македонија за поголема регионална стабилност и безбедност. Низ годините, Македонија докажа дека е подготвена да се справи со грчкиот проблем - особено со менување на своето знаме и реафирмирање на мировната намера во нејзиниот Устав, а во обид за помирување. Сите овие чекори на добра волја не вродија со плод, бидејќи Грција покажа неразбирлива нефлексибилност во поглед на аспирациите на Македонија во насока на обезбедување заслужено членство во НАТО и во ЕУ, но особено кон напорите за меѓународно признавање на нашето уставно име.

Македонските лидери имаат апсолутна должност да го почитуваат уставното и вистинското име на нашата татковина, Република Македонија. ОМД нема да го признае, нити поддржи „заемното прифатливо решение" - еуфемизам за промена на името - ниту напорите на кој било политички субјект во Македонија за спроведување референдум за прифаќање на компромисно име договорено на преговарачки стол. Името на Македонија е длабоко врежано во сржта на нашиот идентитет и тоа е составен дел од нашата вековна борба за самоопределување и суверена независност. Тоа не е нешто за што смее да се преговара преку практична политика и дипломатија. Македонците во границите на сопствената држава, но и македонското малцинство што живее во Албанија, Србија, Бугарија и Грција, заедно со нашата дијаспора, на глобално ниво, нема да прифатат апсолутно никаква промена, нити пак размена на нашето име и идентитет за членство во некоја меѓународна организација или сојуз“, соопшти ОМД.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе