OМД: Тиранската платформа ја претвори политичката во етничка криза

„Народот е тој кој ќе одлучува за иднината на Република Македонија, а не ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или ДУИ, или пак меѓународниот или регионалниот фактор", соопштија денеска од Обединетата македонска дијаспора.

Според ОМД, решавањето на кризата во државата треба да се прави единствено преку институциите на системот на Македонија и со целосно почитување на Уставот, а не, како што соопштиja, преку бојкотирање на македонските институции.

„Ги отфрламе и осудуваме нападите врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, кои беа загрозени со мешањето на албанскиот премиер Еди Рама во внатрешните работи на Македонија, со самото објавување на тиранската платформа на Божиќ. Тиранската платформа ја претвори политичката криза во етничка криза, којашто ја згрозува и социоекономската стабилност на државата, но и на регионот“ смета ОМД.

ОМД соопштија дека граѓанската иницијатива „Илинден 4“, која веќе 22 дена учествуваат граѓани на Македонија низ 33 градови, го разбудила народот во духот на Крушевскиот манифест да каже не за нарушувањето на суверинитетот.

„Дебата за менување на името, знамето, химната и грбот не смее веќе да се отвора, а ОМД и народот нема да дозволат политичките партии и натаму да си играат со иднината на Македонија. Стоиме силно зад суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата татковина и ќе продолжиме да лобираме преку нашата мрежа во светот за поддршка на Република Македонија и на македонскиот народ“, се вели во соопштението од ОМД.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе