ОМД: Стабилна влада без уцени и во одбрана на македонските национални интереси

Обединета македонска дијаспора (ОМД) поддржува формирање на стабилна влада и излез од неколку годишната политичка криза во државата. Но, во напорот да се создаде влада и да се задоволат коалиционите партии, политичарите никако не смеат да прифатат услови кои ќе им наштетат на македонските национални интереси, соопшти ОМД.

ОМД силно се противи на прифаќањето на т.н. албанска платформа за воспоставување на албанскиот јазик како официјален јазик во Македонија. „Ова е класична уцена и не смее да биде прифатена од ниту една политичка партија во државата“. ОМД ги предупредува најголемите политички партии во државата, а посебно СДСМ која што во моментов преговара со партиите на албанското малцинство во државата, дека нашата организација нема да ја прифати како легитимна владата која би ги ставила партиските интереси над националните.

Во исто време, ОМД ги повикува партиите на албанското малцинство во државата да ги стават интересите на Република Македонија како примарни, и да не фунционираат со пазарење и уцени со цел да ги промовираат нивните политички идеали и цели.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе