Реакција

OMД: Со прифаќањето промена на името и на Уставот Владата врши предавство

Со последниот предлог за промена на името за севкупна употреба вкучувајќи и промена на Уставот на Република Македонија, Владата на Република Македонија изврши предавство на нацијата и се обидува сериозно да ја наруши независноста и суверенитетот на државата, ставајќи се во служба на силите кои вршат идентитетски, историски и културен геноцид на македонскиот народ, реагира Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

„Со аматеризам и полтронство, без трошка визија, самопочит и без никаква заложба за почитување на основните и универзални вредности за рамноправност, со дигнитет и меѓусебна почит, се прават обиди за уништување на вековниот идеал на Македонецот за сопствена држава создадена врз Крушевскиот манифест и Асномската декларација. Со своето полтронство и аматеризам, потпомогнати од невладини активисти со сомнителен кредибилитет, професионализам, етика и морал, финансирани од извори кои спроведуваат национални интереси на туѓи држави, сериозно ги загрозуваат угледот на македонската држава, достоинство и иднина“.

ОМД го повикува Македонецот без разлика на својата етничка, верска и идеолошка припадност и определба во Република Македонија и дијаспората, на следниве чекори и активности: мирни протести и јавни манифестации како начин на изразување на несогласност со деструктивните политики во Република Македонија; македонските медиуми транспарентно да известуваат за националното незадоволство наместо да лажираат национален консензус во прилог на актуелните политики; ги повикуваме интелектуалците да го поттикнат својот народ во одбрана на Уставот на Република Македонија; македонските компании и дијаспора да се организираат со финаниска поддршка во одбрана на унитарноста, уставноста и идентитетот на државата; формирање на координативно тело помеѓу партиски членови од сите македонски партии кои ќе работат за спречување на референдумско изјаснување за да се спречи легитимизирање на уставните и идентитетски промени на Македонија.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе