Реакција

ОМД: „Република Северна Македонија" e фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина

Обединета македонска дијаспора (ОМД) реагира на постигнатиот договор за решавање на името и тврди дека тој претставува триумф на грчката дипломатија и фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина.

„Северна Македонија од Западен Балкан во Југоисточна Европа, како решение на 27-годишниот билатерален спор помеѓу Република Македонија и Грција, со својот ултиматум за уставна промена, промена на преамбулата, промена на членот 49 за македонското национално малцинство и ерга-омнес за севкупна употреба како дел од пакетот-решение, претставува триумф на грчката дипломатија и фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина“, пишува ОМД во соопштение до јавноста. 

Според ОМД, решението е неосновано, бидејќи немало ниту јавна дебата ниту пак била вклучена македонската академска фела, а преговарачкиот процес бил сведен на самоволие на два политички субјекти.

„Покрај тоа што таквото самоволие во целост се противи на сѐ она што беше вклучено во предизборната програма на СДСМ, ОМД смета дека политиката на премиерот Заев за потврда на договорот преку референдумско прашање, е суицидна за македонската држава и народ“, додава ОМД. 

Оттаму додаваат дека „никој нема мандат да го одземе правото на идните генерации да бидат Македонци, и никој нема право да го избрише државно-правниот континуитет на државата, со што се деградира заветот на нашите предци”. Во време кога ЕУ најави крај на ригидноста на носењето на одлуки со едногласен консензус, која што промена во Ееропската политика е нова шанса за ЕУ-интеграцијата на Република Македонија под нејзиното уставно име, ОМД смета дека избрзаната и аматерска дипломатија на премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров, е водена од други мотиви, а не од евроатлантските итеграции. 

ОМД уште бара „од креаторите на решението најитно прекинување на преговорите, извинување кон македонскиот народ и преземање на мерки за враќање на македонското достоинство, углед и благосостојба, меѓу другото, и со распишување на предвремени парламентарни избори“.

 

 

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе