ОМД: Прекин на преговорите за името и структурно рестартирање

Пред денешниот самит на земјите од Западен Балкан и ЕУ во Софија и средбата на македонскиот и грчкиот премиер Заев и Ципрас, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) апелира до владините субјекти да се воздржат од преговорите за промена на името, уставот, суверенитетот и идентитетот на Република Македонија.

ОМД верува дека никој нема право да преговара за името, идентитетот и Уставот на Републиката, за кои на 8 Септември 1991 година, со убедливо мнозинство од 95%, народот одлучил за тоа како ќе се именува, уредува и идентификува државата, во нејзнината внатрешна и надворешна политика. Според ОМД, промена на името, уставот и идентитетот на Македонија се казниви дела за кое ОМД се залага да ги информира сите субјекти од Советот за безбедност на ОН и организации за човекови права, како би се докажала нелегитимноста на чинот и неговите чинители.

ОМД апелира да се задржи достоинството на Македонија преку прекин на прегодоворите и посветено работење на нејзините демократски капацитети, економија и конкурентност. Наместо промена на името на државата, ОМД верува дека на Македонија ѝ е потребно структурално рестартирање со цел да се постават здрави основи за соодветно работење на административниот, правниот, корпоративниот, финансискиот и граѓански сектор.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе