ОМД повикува на разум и одговорност во Република Македонија

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги повикува македонските граѓани на разум и одговорност во овие крајно загрижувачки моменти.

„Во овие историски моменти секој задоцнет искажан став е контрапродуктивен и води кон турбулентност. За потсетување, политичката платформа на Албанците потпишана во Тирана беше објавена на 7 Јануари 2017, на Божиќ.

Нетранспарентните, тајните, многупати и со посредство на странски фактори изнудени политички решенија само ѝ наштетија на младата македонска држава. Секое решение кое не е базирано на народното јавно мислење и здрава дебата води кон нестабилност и неизвесност.

Од тие причини, ги повикуваме народните избраници во Собранието на Република Македонија, кои го рефлектираат мултикултурниот карактер на државата, согласно својата одговорност и уставни ингеренции, веднаш да ја продолжат конститутивната седница, да ги повикаат политичките партии целосно транспарентно да им ги презентираат предлог програмите за влада и низ јавна собраниска дебата да се дискутираат и одлучат ставовите и опциите за иднината на земјата.

Недоделувањето на мандат за формирање на Влада од Претседателот Иванов вчера треба да служи како потик за партиските лидери на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да одговорат на моменталната состојба во која се наоѓа државата, покажувајќи државотворност и патриотизам преку директни разговори во Собранието и издавање на заедничка декларација за целосно заштита на унитарноста и уставноста на Република Македонија“, соопшти ОМД.

Ова, според ОМД, е единствен излез од кризата. Во спротивно, како што додаваат, конспиративноста, тајноста на преговорите и договорите на политички партии и притисоците на странски фактор во внатрешните прашања на државата можат да доведат до несогледливи последици не само по Македонија, туку и по Балканот.

„Разумот, совесноста, одговорноста кон предизвикот и лојалноста кон државата се особено важни во овие историски моменти“, вели ОМД.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе